Спасовски: Секој што незаконски постапувал мора да одговара

Од:

Премиерот Оливер Спасовски денеска не сакаше да ја коментира снимката што на собраниска комисија ја објави пратеникот Антонио Милошоски, за која рече дека е поврзана со случајот „Рекет“. Спасовски кусо порача дека за „Рекет“ се води постапка што треба да заврши и секој што постапувал незаконски да одговара за тоа што го направил.

– Нема да коментирам ништо повеќе од тоа што е соопштено досега и што е објавен став на Владата. Овој случај мора да се истражи до крај исто како и други случаи кои што се криминални во државата. Секој еден што незаконски постапувал ќе мора да одговара, рече Спасовски.

Според него, најважно е тоа што за случајот постапуваат институциите и тоа што постапуваат врз основа на пријава што ја доставил поранешниот премиер.

-Најаважно е да имаме одговорност. Тоа што го има во обвинителството треба самото обвинителство да го цени и врз основа на тоа да ги спроведе сите постапки, рече премиерот Спасовски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во врска со тендерот за нова 100 MW фотоволтаична централа во Осломеј.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси турски државјани кои рекетирале сонародник, од жртвата барале 40.000 евра

Горан Наумовски

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски

Уапсени се двајца скопјани кои изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог