Спасовски се сретна со учениците кои освоија медали на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски денеска ги прими учениците, основци кои во рамки на 16-тата Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки, во декември во Доха, главниот град на Катар, освоија две сребрени и три бронзени медали.

Премиерот Спасовски на учениците, придружувани од нивните ментори, како и од претставник на родителите, им честитал за големиот успех, потенцирајќи дека образованието е едно од најважните прашања, на кое треба да му се посветиме со огромно внимание и низ разговори да се решаваат сите пречки, за напредок и остварување понатамошен успех.

– Чест ми е, што се среќавам со вас, Олимпијци кои го покажувате вашиот квалитет на меѓународни натпревари. Не правите горди, ни покажувате дека имаме потенцијал, за кој вреди да се бориме да го задржиме тука, во нашата земја, им се обратил премиерот Спасовски на учениците Матеј, Теона, Стефан, Никола, Емилија и Мајкл, соопштија од владиниот Сектор за односи со јавноста.

На средбата било констатирано дека се потребни соодветни системски решенија во областа на образованието, кои, како што било нагласено од заменичката на министерот за образование Елизабета Наумовска, веќе се динамизираат и оти се преземаат чекори за решавање на детектираните проблеми.

Било изразено и задоволство од фактот дека Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), како и Агенцијата за млади и спорт учествуваат со финансиска поддршка на талентираните ученици, кои настапуваат на натпревари.

На средбата премиерот Спасовски истакнал дека ќе се заложи за постигнатиот успех на учениците, кои достојно ја претставуваат нашата земја, да следува соодветна поддршка и награда од Владата.

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски