Спасовски се сретна со новиот полски амбасадор

Од:

Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Полска во Република Македонија Н.Е. Војциех Тицињски.

Министерот Спасовски му посака добредојде и успех на амбасадорот Тицињски во извршувањето на својата одговорна работа за унапредување на односите меѓу двете земји.

На средбата беа потврдени пријателските односи меѓу двете држави, како и соработката во голем број области од заемен интерес.

Двајцата соговорници разговараа за присуството на полските полициски службеници кои спроведуваат заеднички активности за зголемена контрола и надзор на јужната граница на Република Македонија, како и за натамошно продлабочување на досегашната меѓусебна соработка.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ