Спасовски: Сајбер-заканите се меѓу најзначајните безбедносни закани врз современите општества

Од:

„Нема сомнеж дека во последните неколку години, сајбер-заканите се меѓу најзначајните безбедносни закани врз современите општества, што е основна причина истите да се третираат како интегрален дел од националната и меѓународната безбедност“, истакна меѓу другото министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во своето обраќање на меѓународната министерска конференција посветена на темата – „Високотехнолошки криминал и информатичка безбедност“ што денес и утре се одржува во Белград, а во организација на српското Министерство за внатрешни работи.

Презентирајќи ги активностите што македонската полиција, но и другите надлежни институции ги преземале и преземаат во оваа област, министерот Спасовски посебно ги посочи нормативните промени целосно хармонизирани и во соработка со ЕУ, како и Националната страгија за сајбер-безбедност 2018 – 2022 година, којашто служи како патоказ за развој на сигурно, безбедно, доверливо и отпорно дигитално окружување, поддржано од квалитетни капацитети, кои се базираат на доверба и соработка во полето на сајбер-безбедноста.

„Нашето министерство се фокусира на развивање на капацитетите за обезбедување електронски докази и информации во електронска форма со цел поддршка на сите истраги коишто се водат во рамки на инстиуцијата“, нагласи Спасовски, притоа посочувајќи го Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР како клучен во превенцијата и борбата против овие обици на криминал.

„Независно од низата меѓународни признанија за покажаната ефикасност и професионалност во водењето истраги како на национално, така и на меѓународно нив, наша цел е континуирано унапредување на капацитетите на овој Сектор во насока на истражување на компјутерскиот криминал, дигиталната форензика“, потенцираше Спасовски.

Република Македонија и МВР продолжуваат да бидат активен дел од широкиот фронт заедно со нашите соседи и партнерските држави и посебно со ЕУ и нејзините институции, како наш стратешки партнер.

„Со цел постигнување добри резултати во иднина, сметам дека е неопходно продолжување на соработката во сите наведени сегменти при што посебно ја нагласувам важноста на редовна размена на информации на национално и меѓународно ниво“, рече Спасовски.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ