Спасовски – Ромео: Силна поддршка на Владата за продолжувањето на реформите, за доследното почитување на Преспанскиот договор, НАТО и ЕУ интеграциите

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, се сретна со Карло Ромео, амбасадор на Италијанската Република во нашата држава.

На средбата е изразена силна поддршка од италијанската Влада за важната улога на преодната Влада, за продолжувањето на реформите во нашата држава, на добрососедските односи, на интеграциските процеси на нашата земја во НАТО и кон ЕУ и за организирањето и спроведувањето фер и демократски избори, како во претходните три изборни циклуси во изминатите две ипол години, за што е нагласена обврската на сите политички субјекти во Владата.

Заеднички е констатирано дека се потребни јасни заложби од сите политички субјекти за целосна реализација на процесот на НАТО интеграциите, за реафирмирање на дијалогот, што може да придонесе кон договор за Законот за јавно обвинителство, иако овој Закон не е услов за евроинтеграциите, како и за целосно и доследно почитување на Преспанскиот договор што ги отвори НАТО и ЕУ интеграциите.

Оценето е дека периодот до изборите е посебно значаен, земајќи ги предвид очекувањата за полноправно членство на Република Северна Македонија во НАТО и за функционалност на институциите според воспоставените демократски и европски стандарди, во пресрет на загребскиот Самит на ЕУ и очекуваниот исчекор во евроинтеграциите.

-Ги направивме сите потребни реформски процеси во изминатите две и пол години и продолжуваме како Влада да работиме во таа насока. Спроведовме три фер изборни цилкуси, во 2017, 2018 и 2019 година и очекувам дека сите политички субјекти ќе бидат на висина на задачата и во оваа 2020 година и ќе спроведеме и организираме фер и демократски избори. Протоколот за членство во НАТО е доставен на ратификација во Собранието, во очекување на завршувањето на техничките процедури во Шпанија и нашите очекувања се за широка политичка поддршка за остварувањето на оваа стратешка државна цел. Како Влада, остануваме посветени и на реализацијата на Преспанскиот договор и на добрососедските односи што ги воспоставивме со соседите и што придонесе за перспективите на нашата држава, рече премиерот Спасовски.

Претседателот на Владата, Спасовски, се заблагодари на италијанскиот премиер Конте и на италијанската Влада, за поддршката на нашата држава во сите важни развојни и демократски процеси, вклучувајки ги и Договорот од Преспа, НАТО интеграциите и заложбите на Италија, нашата држава да ги отвори заслужените преговори со ЕУ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

СДСМ: Поткуп земаат дури и возачите на владата на Мицкоски