Спасовски: Рано е за отворање на границите за влез во земјава

Од:

„Сè уште мислам дека треба да останеме тука и да не дозволуваме влез во Република Северна Македонија, сè додека не се покаже и низ бројки и во државите во регионот, и внатре кај нас дека имаме намалување на епидемијата во рамки во кои можеме да дозволиме отворање на границите и слободно движење на граѓаните“, изјави денеска техничкиот премиер Оливер Спасовски на прашањето кога би можело да се очекува отворање на границите.

Тој рече дека ова прашање ќе зависи од сите земји од регионот.

„Ние имаме план во однос на сите активности коишто ни се случуваат, односно сите работи кои треба да ги преземеме како мерки во наредниот период. Едно од тие прашања, е секако отворањето на границите. Тоа, нема да зависи само од нашата земја, туку ќе зависи од сите земји во регионот.  Наша желба е тоа да се случи поскоро, меѓутоа тоа зависи од сите нас, колку сите заедно ќе се однесуваме сериозно и одговорно кон оваа криза. Тоа го повторувам од првиот ден на кризата, толку побрзо ќе завршат и сите овие мерки и ќе се вратиме во таа нова нормалност, која нè очекува“, рече Спасовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасовски: Ако не се покачи минималната плата, Македонија ќе остане без своите работници

(ВИДЕО) Спасовски: Со минимална плата од 600 евра ја штитиме егзистенцијата на граѓаните, прифатете го Законот

(ВИДЕО) Манасиевски: Трагедијата со автобусот на „Беса Транс“ можеби ќе беше спречена ако Спасовски реагираше на време

Кривична пријава за Оливер Спасовски за станицата во Сарај каде технички преглед правеле автобусите на „Беса транс“

Катерина Ѓуровски

Спасовски: Игнорирањето е најлош можен пристап кон семејствата на загинатите

Спасовски: Без трошка емпатија, ВМРО-ДПМНЕ гласаше против Анкетна комисија за Кочани

А1он