Спасовски: Приведени 17 лица за подметнување пожари, уште 16 повикани на разговор

Од:

Досега се приведени 17 лица, а на разговор во станица повикани се уште 16 други за подметнување пожари. Веќе се поднесени три кривични и две прекршочни пријави, напиша попладнево министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на Фејсбук.

Во статусот, Спасовски нагласува дека во координација со јавен обвинител се работи на расчистување на сите случаи.

Посочува дека МВР останува посветено, како кон превенирање и гасење на пожарите, така и кон спроведување на законот во делот на утврдување на одговорност за подметнување или предизвикување на пожарите.

-Сакам уште еднаш да им изразам благодарност на сите пожарникари во државата, на полициските службеници, посебно на припадниците на специјалната полиција кои беа деноноќно на терен, на припадниците на Армијата, а посебно признание заслужуваат сите солидарни граѓани коишто се вклучија во гасењето на оваа огнена стихија, напиша Спасовски на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Ѓубре, ниска вегетација и стрниште горат во општините Битола, Бутел и Брвеница

Вкупно 28 пожари регистрирани на отворен простор, активни нема, еден е под контрола

Ангелов: И јас укажував на слабостите, но состојбата е значително подобрена

Македонија е неподготвена за природни катастрофи, недостиг на пожарникари, опрема и стратегија

Нема активни пожари, два се под контрола, а 14 изгаснати

Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола