Спасовски: Принципот на солидарноста за обнова на Скопје ни е водилка и за предизвикот од Ковид-19

Од:

Приципот на солидарност за обнова на Скопје по земјотресот во 1963 останува да ни биде водила и во оваа здравствено-економска предизвикана од КОВИД-19, напиша премиерот Оливер Спасовски на својот профил на Фејсбук по повод 57 години од денот на катастрофалниот земјотрес кој, како што вели, е запишан како еден најтешките и најтажните денови во историјата на нашиот главен град, кога разорниот земјотрес ги зеде животите на над 1000 наши сограѓани и го остави зад себе Скопје во урнатини.

-Светот тогаш се обедини околу идејата за обнова на градот и со тоа Скопје во глобални размери стана многу повеќе од административен центар или место за живеење. Скопје стана град на солидарноста и со тоа симбол на една од темелните човечки вредности.Токму овој принцип на солидарност и во оваа здравствено-економска предизвикана од КОВИД-19 останува да ни биде водилка. Во справувањето со оваа криза освен подадена рака, неопходна е поголема лична одговорност и почитување на здравствените препораки, односно носењето маска, држењето дистанца и редовното миење на рацете се штитиме себеси и останатите, напиша Спасовски.

Скопје во својата долга историја, нагласува тој, никогаш не ги заборавал жртвите и своите граѓани.

-Денес, 57 години потоа, ние се сеќаваме на жртвите на земјотресот, а на нас останува да му ги оддадеме достојното внимание и почит на градот., пишува во објавата на Спасовски.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош