Спасовски прими делегација на Администрацијата за цивилна заштита и помош при катастрофи на Словенија

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски денеска прими делегација на Администрацијата за цивилна заштита и помош при катастрофи на Република Словенија, предводена од генералниот директор на администрацијата Дарко Бут.

Делегацијата на Администрацијата за цивилна заштита и помош при катастрофи на Република Словенија е во неколкудневна посета на нашата земја и на Дирекцијата за заштита и спасување со што започнува реализацијата на активностите од Спогодбата помеѓу владите на Северна Македонија и Словенија.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џафероски и неговиот колега од Словенија Дарко Бут, како што соопшти владиниот Сектор за односи со јавноста, го запознале премиерот Спасовски со планираните активности. Како приоритетни се размената на искуства во делот на превенцијата и планирањето на активности за справување со катастрофи, план за обуки, тренинг и едукација на инструктори за заштита и спасување во различни околности, како и договор за заедничко учество во меѓународни проекти, од кои посебно значајно е заедничкото учество за пристап до фондовите на ЕУ за справување со пожари.

Премиерот Спасовски на средбата ја нагласил важноста на соработката помеѓу нашата дирекција и администрацијата за заштита на Словенија, особено од аспект на искуството на оваа наша пријателска земја, и истакнал дека Владата на Северна Македонија ќе ја даде целосната поддршка за сите заеднички активности.

Тој потенцирал дека успешната регионална соработка и развиените добрососедски односи се клучни и во заедничките активности за превенција, заштита и спасување на луѓето, материјалните добра и животната средина.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски