Спасовски: Предвидено e точно во која фаза ќе се отворат угостителските објкети, од утре ќе работат моловите и обложувалниците

Од:

За третиот сет на економски мерки за помош на фирмите се разговара, по што ќе се усвојат од Владата, најави Спасовски, според кого, општините ќе се вклучат со помош за граѓаните, со цел помагање на лицата кои трпат финансиски последици поради коронавирусот. Спасовски најави дека од утре можат да почнат со работа моловите, но со скратено работно време, одржувајќи ред и со ограничување на бројот на посетители. Прашан за угостителските објекти и нивното повторно започнување со работа, техничкиот премиер кажа дека во планот на Владата е предвидено и тие да започнат со работа во наредните фази.

„Во планот кој денес го усвоивме на Влада е предвидено точно во која фаза, по кои протоколи ќе почнат со работа и угостителските објекти, вие знаете дека тие беа со одлука затворени бидејќи најголема опасност за ширење на вирусот претставуваа токму тие угостителски објекти, поради бројот на луѓе кои се таму, начинот на блиска комуникација и така натаму. Во планот е предвидено кога и на кој начин. Следната недела очекувам да разговараме за следниот сет за разлабавување на мерките, но тоа ќе зависи од тоа на кој начин се однесуваме, односно колку одговорност ќе покажеме“, рече Спасовски.

Угостителските објекти во трговските центри ќе можат да работат само со шалтерски систем и достава. Техничкиот премиер кажа дека мора да се прави дезинфекција на моловите, а со работа од утре можат да почнат и спортските обложувалници.
„Се дозволува отворање на моловите со почитување на строги правила за спречување на ширењето на Ковид-19. Во моловите и натаму нема да биде дозволено да се примаат гости во рестораните и кафулињата, освен преку шалтер или достава.

Протоколот предвидува ограничено скратено работно време од 10 до 18 часот, со исклучок во недела кога тие ќе се затворени. Остануваат сите мерки за заштита кои предвидуваат задолжително регулирање на влезот на лица во затворениот продажен центар од страна на овластено лице за да не се дозволи групирање на луѓе во ходниците, опрема за лична заштита, како и дезинфекција на моловите. Од утре со работа можат да почнат спортските и други обложувалници со шалтер, согласно протоколот на Комисијата за заразни болести, рече Спасовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасовски: Силен СДСМ е потребен за европска иднина, не сакаме враќање на режимот

Спасовски: Ги повикувам сите граѓани масовно да излезат на изборите на 8 мај, да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

(ВИДЕО) Спасовски: Во следните четири години излез на домашните компании на европскиот пазар од 500 милиони луѓе

Горан Наумовски

Спасовски: Нема да дозволиме враќање во минатото кога шепотевме, се бориме за правда за сите!

Орце Костов

Спасовски од Куманово: Надминати кризите, енергетските компании во раце на граѓаните

Спасовски: Време е за подобро и повеќе – во следниве четири години минимална плата од 600 евра, просечна од рекордни 1.100 евра