(ВИДЕО) Спасовски: Полицијата сè уште трага по 12 лица за упадот во Собранието на 27 април

Од:

Полицијата сè уште трага по 12 лица кои треба да бидат изведени пред Кривичниот суд во рамки на истрагата на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за упадот во Собранието што се случи на 27 април.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изјави дека полицијата има сознанија дека сите 12 се во државава.

„Имаме сознанија дали некои од 12-мината што сè уште не се обезбедени имаат двојни државјанства“, рече Спасовски и додаде дека не може да открие повеќе детали.

Спасовски рече дека за квалификациите на кривичното дело за кое се товарат обвинетите е надлежно обвинителството, а не МВР.

Министерот не сакаше да коментира за опасноста од бегство на пратениците за кои се бара притвор со образложение дека за тоа е надлежно Собранието.

Под истрага се вкупно 36 лица. Кривичниот суд на 13 лица им определи затворски, а на шестмина куќен притвор.

Г.Н.Р.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Го осудуваме ослободувањето на осудените за нападот на „27 април“

„Тоа е судска одлука“ вели Мицкоски за можната амнестија за организаторите во настаните од 27 април

Во случајот „Организатори на 27 април“, Обвинителството бара амнестијата да важи за Јанакески, Ристески и Вељановски

Катерина Ѓуровски

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски