Спасовски: Показната вежба на полициските „Тигри“, круна на завршената едномесечна обука спроведена од италијанските карабинери

Од:

Денешнава показна вежба на нашата Специјална антитерористичка единица – Тигар, како круна на завршената речиси едномесечна обука што ја спроведоа експерти припадници на италијанските карабинери, е дополнителен доказ за решеноста на Министерството да истрае во својата визија за институција што навистина ќе биде непробоен бедем за сите прекршители на законите за сите закани по безбедноста на граѓаните и државата.

Ова го напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот официјален фејсбук статус.

– Заедно со нашите партнери од ЕУ, како и со користењето на низата конкретни механизми за помош и поддршка на Унијата, Министерството за внатрешни работи постојано работи на севкупното институционално зајакнување на сите организациони сегменти подеднакво имајќи на ум една иста цел: структуирајќи полиција која што ќе биде во служба на безбедноста и на сигурноста на граѓаните и на општеството, објави Спасовски.

Обуката е спроведена од италијанската Специјална единица за интервенции (ГИС) за „Зајакнување на капацитетите за превенција/спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам“, во рамки на проектот ИПА 2016 – „Јакнење на координативните капацитети за превенција и борба против насилен екстремизам и тероризам“.

Би можело да ве интересира

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија