Спасовски-Пани: Јакнењето на безбедносните институции за спречување и борба против насилниот екстремизам

Од:

Јакнењето на безбедносните институции согласно стандардите на ЕУ ќе ја направи нашата земја сигурен и доверлив партнер во спречувањето и борбата против насилниот екстремизам и тероризмот, објави на Фејсбук премиерот Оливер Спасовски по средбата со полковникот Масимо Пани од Единицата за специјални операции Карабиниери.

Единицата за специјални операции Карабиниери во земјава го спроведува твининг проектот „Зајакнување на капацитетите за координација во спречувањето на насилниот екстремизам и борбата против тероризмот“, поддржан од делегацијата на Европската Унија.

– На средба со полковникот Пани истакнав дека Владата на Република Северна Македонија ќе продолжи целосно и максимално да ја поддржува оваа активност, за која во претстојниот се очекува да биде усвоен акциски план за надградување на капацитетите на владините институции за ефикасно и ефективно координирање на сите агенции кои работат на полето на спротивставување и спречување на насилен екстремизам и радикализација кои водат кон тероризам, напиша Спасовски.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски