Носителот на изборната листа на СДСМ во втората изборната единица Оливер Спасовски во вечерашната дебата на ТВ Телма одговори околу очекувањата за излезност на изборите.
„Важно е да ги воспоставиме институциите на системот и тие да бидат функционални. Како ќе ги воспоставиме ако нема избори? Очекувам дека граѓаните ќе бидат на висина на одговорноста и дека ќе имаме доволна излезност што ќе даде легитимитет на новата Влада и на Парламентот коишто се потребни за носење одлуки од здравствен аспекти, заради економијата и европските интеграции“, рече Спасовски.
Во врска здравствената ситуација, Спасовски, како премиер, оцени дека Владата донела навремени и исправни одлуки и дека тие се поврзани исклучиво со заштитата на животот и здравјето на граѓаните.
„Ако има проценка за потреба од рестрикција за граничен влез, тоа ќе го разгледаме на Главиот кризен штаб,“ рече Спасовски, кој повторно ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките воведени поради нивна заштита.