Спасовски: Не сум повредил ни една од насоките на Антикорупциската комисија

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски попладнево на прес-конференција го демантираше денешниот заклучок на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и рече дека ја почитува забраната да се распределуваат и унапредуваат лица вработени во државните институции од денот на распишување на изборите до изборот на пратеници и формирање Влада.

– Ниту едно решение за распределување или унапредување од моја страна, односно на министерот за внатрешни работи, не е донесено во овој период. Документите од Комисијата доследно се почитуваат од МВР од денот на распишувањето на изборите, истакна Спасовски.
Соопшти дека не го надминал бројот на распоредувања на пониска или на повисока позиција што му се дозволени на министерот за внатрешни работи согласно со член 44 став 4 и 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Влада на РМ и дека нив ги потпишал пред денот на донесување на одлуката за распишување на изборите. Но, заради нормално и тековно функционирање на МВР, рече тој, и поради недостиг на работници во одредени организациски единици во МВР, донел наредби со кои некои работници се задолжуваат да извршуваат задачи на конкретни работни места каде што има недостиг од полициски кадар за ограничен период од 30 дена.

Посочи дека наредбите не претставуваат решенија за распоредување и дека се исклучиво законско право на министерот за внатрешни работи регулирано во Законот за внатрешни работи. Такви наредби се доставувале до него секојдневно, на предлог на раководители во органите на МВР. Како пример ги посочи потребите за поголем број работници во транзитните и прифатни центри во Табановце и Гевгелија.

– Во тој дел министерот за внатрешни работи мора да носи наредби за да може МВР да функционира нормално, а Република Македонија да биде стабилна и безбедна. МВР е еден од најголемите и најосетливите државни органи со над 12 илјади вработени. Категорички изјавувам дека со потпишување на овие акти не сум повредил ни една од насоките на ДКСК содржани во двата дописа, согласно со тоа што никаде не се забранува министерот да издава наредби за нормално функционирање на Министерството за внатрешни работи нуту, пак, ДКСК или кој било друг орган има надлежност да спречува издавање наредби во МВР, односно во ваков орган кој функционира врз основа на наредби и линија на хиерархија и субординација, рече Спасовски.

Тој ја повика Антикорупциската комисија да се занимава со спречување корупција зашто, како што рече, досега не презела ништо и не покренела ниту една постапка за корупција во државните органи или на државни функционери. Според него, ДКСК во периодот на избори се покажала како партиска инсталација на партијата на власт.
На новинарско прашање во врска со информацијата од денешниот Билтен на МВР дека член од Државната изборна комисија пријавил уцена од лица во еден дневен весник, Спасовски одговори дека за сите пријави што ги добиваат во текот на изборниот процес се водат соодветни постапки и истраги за кои МВР ќе информира кога ќе бидат завршени.

Би можело да ве интересира

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он