Спасовски на неформален состанок на министрите за внатрешни работи во Софија

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Софија учествува на неформалниот состанок на министрите за внатрешни работи на земјите од Западен Балкан во огранизација на бугарското МВР, а во рамки на претседателството на Бугарија со Советот на ЕУ.

На средбите се разговараше за Стратегијата за кредибилна перспектива за проширување и приоритетите што ги имаат земјите во рамки на тој процес. Приоритенти теми беа зајакнувањето на заедничката соработка во борбата против тероризмот, превенцијата на насилниот екстремизам, натамошното промовирање на заедничките истражни тимови кои ги вклучуваат земјите од западниот Балкан и земјите членки на ЕУ, како и зајакнување на соработката во борбата против нелегалната трговија со оружје и трговијата со луѓе.

Министрите за внатрешни работи информираа и за безбедносните закани во регионот, преземените мерки и меѓусебната соработка и заеднички пристап на безбедносен план.

Би можело да ве интересира

Крадец се обидел да убие тројца, пукал и кон полицијата, кривична за 29-годишник

Катерина Ѓуровски

За три дена МВР „подели“ дури 2.490 казни за учесници во сообраќајот

Скандалозно: Според Тошковски дивоградбите ќе се уриваат само ако се опасни по живот

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода

МВР вработува 150 полицајци

МВР одобри 24 часовно обезбедување на градоначалничката Данела Арсовска

А1он