Спасовски: Културната разновидност погодна за дијалог меѓу цивилизациите и културите, почит и разбирање

Од:

По повод Светскиот ден на културната разновидност за дијалог и развој, премиерот Оливер Спасовски на својот фејсбук профил напиша дека сега разбираме колку прифаќањето и признавањето на културната разновидност – особено преку иновативна употреба на медиуми и информатички и комуникациски технологии се погодни за дијалог меѓу цивилизациите и културите, почит и меѓусебно разбирање.

Според Спасовски, културата е првата на линијата на отпорот и во ова време на затворање и изолација заради КОВИД-19. Како што посочува, промоцијата на широкиот спектар на културната разноличност го поттикна креирањето и пристапот на културните содржина преку Интернет.

-Од виртуелни посети на музеи и галерии, стриминг на филмови, па дури и организирањето на луѓето во заедниците со практикување културни активности преку социјалните медиуми – културата ја покажува својата способност за креативна прилагодливост и за нова преродба на културата за премостувањето и прифаќање на другиот за мир, стабилност и развој, пишува Спасовски на фејсбук.

Според Спасовски, Светскиот ден на културната разновидност за дијалог и развој е силна инспирација и за концептот „Едно општество за сите“ како придонес за Конвенцијата на УНЕСКО за заштита и промоција на различните културните изрази, за интеграцијата на културата во рамките на одржливиот развој, но и за промоцијата на културната разновидност за промоција на човековите права и слободи.

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски