Спасовски-Клуге: Нашата држава примерно ги применува препораките на СЗО за коронавирусот

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, придружуван од министерот за здравство, Венко Филипче, од министерката за финансии, Нина Ангеловска и од заменикот министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, се сретна со Ханс Клуге, регионален директор на Светската здравствена организација за Европа, придружуван од претставници на СЗО и од Џихан Тавилах, шефица на канцеларијата на СЗО во Скопје.

На состанокот е разговарано за ситуацијата со Корона вирусот во светот и во земјава и за механизмите за заштита што ги преземаат државите, како и за реформите во здравството, со цел здрави граѓани.

Оценето е дека нашата држава, во однос на ситуацијата со Корона вирусот, покажала висока подготвеност во примената на препораките на СЗО во делот на превентивата и во реакциите за заштита и дека е успешен пример како треба да се постапува и за други земји.

На средбата се споделени најновите информации околу ситуацијата со Корона вирусот и се констатирани како важни навремената информираност на граѓаните за мерките за самозаштита, доследно следење на препораките на СЗО од страна на надлежните државни институции и преземањето навремени мерки за изолација на потенцијални случаи што нашата држава го прави.

– Ги презедовме сите потребни мерки, според препораките на СЗО и сите други мерки за коишто проценивме дека се потребни, со цел пресекување на патот на вирусот. Бевме свесни за можноста за појава на вирусот и во нашата држава и поради тоа ги направивме потребните подготовки. Кризниот штаб, формиран за справување со Корона вирусот, посветено ги следи новите информации и е подготвен да ги даде навреме потребните насоки за реакција, рече премиерот Спасовски.

На средбата е разговарано и за важните реформи за здравствениот систем. Заеднички е посочена важноста од мотивирани здравствени работници кои ќе работат во својата родна земја. Нагласена е посветеноста кон здрави работници, кои на тој начин можат да бидат продуктивни и во економијата. Заеднички е изразена определба кон развивањето култура на здравје и здрав начин на живот, кон што нашата држава, како што е речено, е подготвена да работи заедно со СЗО, како земја којашто е определена кон почитување и придонес кон европските критериуми и вредности.

Во оваа насока, оценето е дека земјава е на вистинскиот пат и дека треба да продолжи со реформите што се од значење на граѓаните.

Претставниците од СЗО од Европа, се тука за вториот Национален форум „Здрави мајки, здрави новороденчиња: Северна Македонија одговара на предизвиците“.

Би можело да ве интересира

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата