Спасовски: Ќе ја вратиме правдата, нема повеќе „Сваровски“ судство

Од:

Никола Груевски, Никола Тодоров и целокупното раководство на ВМРО-ДПМНЕ крајно неодгворно и нетранспарентно управуваа со државата и со парите на граѓаните. Буџетските пари ги делеа меѓу себе далеку од очите на јавноста, а со најзначајните инстутуции раководат лица кои се нивни послушници, рече Оливер Спасовски, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 2
.

Наместо да работат во служба на граѓаните, институциите работат единствено во служба на фамилијата на власт.

Затоа во Планот за живот во Македонија клучните пораки се дека ќе има контрола врз власта и дека ќе има правда за сите. Граѓаните ќе бидат контролори на трошењето државни пари, а правдата ќе биде достапна за секого.

Буџетските трошења ќе бидат достапни за сите граѓани. Секој граѓанин ќе биде контролор на власта. Секој граѓанин од својот компјутер ќе може да следи како и за што се трошат парите од буџетот. Сегашната состојба на криење на државните долгови ќе стане минато бидејќи криењето на јавниот долг ќе биде кривично дело.

За да ја вратиме правдата, за никогаш повеќе да нема „Сваровски“ судство ќе направиме целосен реизбор на судии со што ќе се евалуира целокупната еабота на сите судии во Македонија.

Веднаш по формирањето на новата влада ќе го продолжиме мандатот на специјалното јавно обвинителство за целата криза да добие правна разрешница

Граѓаните мора да имаат контрола на власта. Граѓаните мора да имаат еднаков пристап до правда. Граѓаните заслужуваат независно судство и отчетни институции.

Планот за живот во Македонија ќе ги врати правдата и институциите назад кај граѓаните.

Затоа на 11 декември граѓаните масовно ќе дадат поддршка на нашиот план, бидејќи помина времето на судии од нечиј тефет и помина времето на затворени институции.

Граѓаните решија – сакаат правда и живот овде, во Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“