Спасовски: Интензивно се работи на расчистување на случајот со исчезнатото девојче

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски нагласи дека интензивно се работи на расчистување на случајот на 14-годишното девојче В.Ѓ. од Скопје.

Одговарајќи на пратеничко прашање на Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ, Спасовски во Собранието информира дека на 27 ноември 2023 година во 11 часот во ПС за општа надлежност Центар од страна на таткото е пријавено дека на 27.11.2023 година околу 7.27 часот неговата малолетна ќерка веќе излегла од станот којшто е на улица „Наум Наумовски – Борче“ и се упатила до ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“.

– Тука е сочинет веднаш записникот од страна на Одделот за потраги и од полициските службеници и е распишан веднаш локален распис по стапување со излегување на лице место, пребарување на терен, извршен разговор со родителите на детето и започнуваат проверка на терен, рече Спасовски.

Министерот за внатрешни работи појасни дека прво е формиран еден штаб којшто работи исклучиво на оваа проблематика во СВР Скопје, односно во ПС Центар. -Директно раководат и началникот на секторот и помошникот на началникот и тука веќе започнува целиот тој процес во којшто се пребаруваат и угостителски објекти, подрумски простории, камери, извадени се записи од над 50 камери, сите електронски уреди коишто ги користело лицето и биле во домот, се вештачат еден добар дел од материјалите коишто се внатре, образложи Спасовски.

Апсолутно нема никаква потврда, како што рече, дека тоа се случило пред „Силбо“ или пред „Броз“.

-Значи не е така. Ниту има можност за таква потврда врз основа на она што е извадено од камери коишто ги имаме. Така во овој дел ќе преземеме и понатаму интензивни активности бидејќи на целата територија на Скопје веќе се преземени, не само на подрачјето на Центар, туку Карпош, Ѓорче Петров, Битпазар. Првично беа вклучени само Центар и Битпазар, првиот момент за тој дел, тој простор каде што е можно да се наоѓа девојчето да бидат пребарани, рече Спасовски и нагласи дека во овој дел интензивно се работи за да може да се расчисти целиот овој случај.

Спасовски информира дека пред почетокот на седницата имал работна средба во СВР Скопје по однос на тоа дали се прегледани сите камери и дали функционира системот „Safe city“. – Имавме прес-конференција и во 10.40 часот ја информирав јавноста токму на прашање во делот на ,,Safe city“. Значи системот работи комплетно и сите податоци на системот се извадени и достапни во однос на овој случај како што ги работиме и за другите случаи коишто ја тангираат јавната безбедност, потенцира Спасовски.

Тој информира дека од 2020 година до денеска се работи на една оперативна акција која се однесува исклучиво на безбедноста на учениците.

– Не само на безбедност на учениците во училиштата, туку и патот до дома, сообраќајната безбедност итн. Значи на неделно ниво се прави акциска контрола на територијата на целата држава, рече Спасовски. Додаде дека е вклучено утврдување на техничка исправност на сите возила со кои се врши пренос на ученици, просторот околу училиштата, угостителски објекти..

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасовски: Силен СДСМ е потребен за европска иднина, не сакаме враќање на режимот

Спасовски: Ги повикувам сите граѓани масовно да излезат на изборите на 8 мај, да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

(ВИДЕО) Спасовски: Во следните четири години излез на домашните компании на европскиот пазар од 500 милиони луѓе

Горан Наумовски

Спасовски: Нема да дозволиме враќање во минатото кога шепотевме, се бориме за правда за сите!

Орце Костов

Спасовски од Куманово: Надминати кризите, енергетските компании во раце на граѓаните

Спасовски: Време е за подобро и повеќе – во следниве четири години минимална плата од 600 евра, просечна од рекордни 1.100 евра