Спасовски и Заев во Лазарополе на завршната вежба на кандидатите за прием во Специјалните единици на МВР

Од:

Во кампот за обука на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија во Лазарополе, денеска првиот човек на МВР Оливер Спасовски, директорот на БЈБ Сашо Тасевски, заменик-директорот на БЈБ Ариф Асани заедно со началникот на Одделот за специјални полициски операции, Бранко Трајановски и командантите на специјалните единици беа домаќини на завршната вежба на која присуствуваа и премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски и министрите Венко Филипче и Благој Бочварски.

Во соопштението се наведува дека со особено задоволство од присутните беше проследена заедничката завршна вежба на полициските службеници, кандидати за прием во Специјалната антитерористичка единица – Тигар и во Единицата за брзо распоредување при Бирото за јавна безбедност на МВР.

Станува збор за полициски службеници, коишто успешно ја завршија претходната селективна обука и се пријавија за работа токму во овие организациони единици на МВР. За време на вежбата пред присутните високи гости, кандидатите ги демонстрираа нивото на подготвеност, вештините и тактиките кои ги совладале за време обуката, кои ќе може да ги применуваат во секојдневните работни активности во двете елитни единици на Министерството за внатрешни работи.

Во оваа пригода министерот Спасовски на претседателот на Владата Зоран Заев му додели плакета за соработка и партнерство, а благодарници за партнерство и успешна реализација на целите од заеднички интерес во модернизирање на капацитетите на МВР им додели и на градоначалникот на општина Маврово Ростуше, Медат Куртовски, директорот на Агенцијата за управување со одземен имот Фатон Асани и директорот на Националниот парк Маврово, Самир Ајдини.

Би можело да ве интересира

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он