Спасовски: Гоце Делчев е нашиот голем учител, нашиот пожртвуван револуционер

Од:

Со својата мисла и дело Гоце Делчев е личност која сплотува и обединува, не само во Македонија, туку и пошироко. Не само во минатото, туку и денес во современа Северна Македонија и пошироко, напиша на својот профил на Фејсбук денеска премиерот Оливер Спасовски.

-Гоце Делчев е светлото име кое ја означува нашата борба за слобода и за независна Македонија. Гоце Делчев е нашиот голем учител, нашиот пожртвуван револуционер, нашиот патоказ кон иднината. Како што истакнува Пејо Јаворов, соборец на Делчев и негов прв биограф, „македонскиот народ го гледаше во неговото лице најблискиот, најверниот, најсаканиот свој учител, пријател и син“, пишува Спасовски.

Премиерот посочува на неодамнешното укажување на Кица Колбе дека „Визијата на Гоце Делчев за „културниот натпревар“ ја антиципира идејата на европското обединување половина век пред нејзиното пројавување по Втората светска војна.

-117 години по неговата трагична смрт, наша должност е да го продолжиме неговото дело и да го негуваме и почитуваме Гоце Делчев како лик кој сплотува, обединува и мотивира на борба за уште поголеми слободи и права и културен натпревар меѓу сите народи, потенцира Спасовски.

Би можело да ве интересира

Доделена државната награда „Гоце Делчев“ за 2025

122 години од смртта на Гоце Делчев – Левица оддаде почит на Великанот

(ВИДЕО) Филипче: Ако Делчев кажал дека сме поделени како нација, ние тоа го сведочиме и денес, повеќе од еден век подоцна

Горан Наумовски

Мицкоски: Македонија е изградена од саможртвата на хероите кои ги дадоа своите животи за нашата слобода

Горан Наумовски

Во Македонија денеска се одбележува 122 години од смртта на Гоце Делчев

Горан Наумовски

Мицкоски: Гоце Делчев е дел од македонскиот идентитет

Катерина Ѓуровски