(ВИДЕО) Спасовски до полицијата и административците: Застанете на страната на народот

Од:

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски од Битола ги повика припадниците на МВР и администрацијата да застанат на страната на граѓаните. Тој порача дека залудно се пишуваат пријави против демонстрантите, зашто сите ќе бидат поништени. На вработените во администрацијата им порача да не се плашат и да не дозволуваат да бидат понижувани и користени за некој да се одржува на власт.

dobivaj vesti na viber

-Залудно ги пишувате тие пријави, сите ќе паднат, до една. Сите припадници на МВР нема од што да се плашат, само работите чесно, да се избориме заедно за вашите права. Немој да ги почитувате наредбите против својот народ, застанете со својот народ, единствено на кого му должите се граѓаните.

Втората порака е до државната администрација-не се плашете, вие сте сервис на граѓаните, немојте да бидете инструмент на партијата на власт. Вие сте понижени во последните десет години, морате да одите по протести, да се качувате по автобуси, да ви се смеат граѓаните зашто не знаете што поддржувате. Ние ви ја гарантираме платата, ви гарантираме место во администрацијата, рече Спасовски.

Тој кажа дека никој нема да може да ги заштити инволвираните во криминал.

-Овде од Битола најсилно се праќаат пораките, овде говориме за големите двајца организатори на криминал, за Никола Груевски и за Владимир Двојче. И двајцата одат по истиот пат кој што треба да го отвори патот на правдата и да покаже дека нема недопирливи во Македонија, рече Спасовски.

Десет часа да менувате рецепти со судија не е лесно, а не да зборувате за криминал десет часа, не е лесно. Затоа можеби се плашеше Владимир да оди денеска во Спацијалното јавно обвинителство. Изминатите години, сите институции се вмроизирани, или подобро, груевизирани. Фамилијата на Груевски окупираше се, па дури и нивната партија. Сега е време чесните вмровци да застанат рамо до рамо со граѓаните на Република Македонија.

На тој начин ќе ја ослободим Македонија, а ќе им помогнеме и да си ја ослободат партијата. Имаме десет години понижувања на секој граѓанин на Република Македонија, на државната администрација, на пензионерите кои ги лажат дека им зголемуваат пензии, а секој ден им земаат по некој денар, понижување за лекарите кои немаат достоинство, понижување на полицијата, и затоа овој отпор е толку јак и силен, рече Спасовски.

-Нема никого да штиттиме и никој не смее да биде заштитен ако сакаме да имаме напредок. Сакам да ги поздравам македонските полицајци, професионалците кои ја штитат Македонија. Поздравот не важи за криминализираните структури, на чело со овој началник на СВР, рече Спасовски.

-Треба да се одлучи, или ќе зема субвенции како годините наназад, а знам за што земал и колку земал и ќе биде земјоделец, или ќе биде полицаец. Ама не полицаец кој ќе пишува пријави за нашите револуционери, рече Спасовски.

Би можело да ве интересира

Муареми ќе го гони обвинителката која се спогоди за „Империја“, а Спасовски е во рацете на обвинителката која го гони Зеќири

Кристијан Ландов

Спасовски: МВР презема мерки за заштита на пратениците во Собранието пред седницата за францускиот предлог

Орце Костов

Спасовски: Ниту еден протест во изминатите денови не беше уредно најавен и пријавен

Спасовски: Полицијата го спречи инцидентот, протестите мора мирни да бидат

Горан Наумовски

Спасовски: Ваков облик на организирано насилство потсетува на 27 април

Спасовски: Протестите мора да бидат мирни и демократски