На прашањето од пратеникот Антонијо Милошоски за темата која ја покрена Државниот јавен обвинител за прислушувањето од 30 септември 2016, кој прислушувал и кој ги користел материјалите, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, одговори дека не се работи за прислушување на Јавното обвинителство или судот.
„Ова е можност при набавка на телефонските централи кои интерно се користат. Јас ги информирав Јавниот обвинител и претседателот на Кривичниот суд во април и им укажав дека постои можност за снимање на нивните локални телефони. Централата е набавена во 2012 година и таквите разговори можеле да бидат снимани со одобрение на тој што раководи. Отворена е истрагата. ЈО кажа дека има два хард диска. Зошто по шест месеци Јавниот обвинител ова го соопшти, него ќе го прашате, но веројатно имал потреба од рок да утврди дали е тоа така. За секоја постапка, како и за онаа со купување на општинската зграда во Пласница, требаше време да утврдиме дека тоа е од вашиот татко“, одговори министерот Спасовски.