Спасовски: Чиста глупост е тоа што го зборува Пендиков, држава ги штити сите вклучително и Бугарите

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ги оцени како чиста глупост изјавите на охриѓанецот Христијан Пендиков кој во првото интервју после нападот рече дека не му се почитувале правата затоа што бил македонски Бугарин.

– Чиста глупост. Во Македонија се почитуваат правата на секој граѓанин и човек кој се наоѓа на оваа територија. Не ние, меѓународните институции ја оценуваат Македонија како една од најбезбедните земји. Мислам дека секој граѓанин, било да е Влав, Ром, Бугарин и Црногорец, за него државата е тука и ќе го заштити. За тоа кои биле причините за нападите, одговор дава Обвинистелството. Не може 30 години да живеете во државата во која што никој еден збор не ви префрлил и сега одеднаш тоа не го цените и да ја прикажувате државата дека не почитува права – истакна Спасовски.

Министерот рече дека насилство не смее да има во никој случај, најмалку поради правото на самоопределување кое е основно човеково право, но дека никој нема право да ни го негира нашето право на самоопределување.

– никој нема право да ни го негира нашето право на самоопределување. Ние сме тие кои се чувствуваат какоа Македонци и како граѓани на оваа држава и ние сме конститутивен народ, а ќе го почитуваме и секое определување на оној што доаѓа кај нас – додаде Спасовски.

Би можело да ве интересира

Спасовски и Ковачевски од Македонија направија Колумбија, криминалците со кои се сликаа се убиваат обвинува ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бидејќи не може да испорача решение за личните документи ДПМНЕ поднесува политички мотивирани кривични пријави

ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична против Оливер Спасовски: Издавал документи за кои знаел дека ќе мора да се менуваат

Катерина Ѓуровски

Јанушев: Спасовски и Ковачевски се креатори на хаосот со личните карти и возачките дозволи

Панче Тошковски ја презеде министерската функција во МВР

Спасовски со тимот: Со љубов кон татковината го трансформиравме МВР во „МВР за Граѓаните”

Предраг Петровиќ