Спасовски: Безбедносната состојба е стабилна, мирна и без индиции за нарушување

Од:

Безбедносната состојба е стабилна, мирна и нема никакви индиции за нарушување на целата територија на државата, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање какви се безбедносните проценки по најавите од Ел Чека „дека е можно да се случи ново Куманово на сред Скопје“.

-МВР и сите други органи кои се надлежни за спроведување на законот си ги преземаат сите свои активности во однос на безбедносната состојба, истакна Спасовски кој утрово проследи дел од селекцијата на кандидадтите за нови полициски службеници во Центарот за обука на МВР во Идризово.

Меѓу другото, тој информира дека во МВР постои посебен оддел што се занимава со компјутерски криминал, а веќе се подготвува заеднички со Министерството за одбрана и со Министерството за администрација и информатичко општество стратегија за сајбер безбедност, но тоа е тема која се развива не само кај нас и во регионот, туку генерално и во светот, затоа што досега недоволно се посветувало внимание на тие хибридни напади.

-Одделот за компјутерски криминал во МВР работи секојдневно и во делот на говорот на омраза и во делот на нападот на сајтови…Така што во тој дел се развива и технологијата, меѓутоа и нашите капацитети се јакнат, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он