Спасе Мазенковски потхумно прогласен за почесен граѓанин на Пустец

Од:

Советот на општина Пустец донесе одлука со која новинарот, писател и публицист Спасе Мазенковски постхумно е прогласен за почесен граѓанин на општината.

Во образоложението се наведува дека одлуката се носи поради неговото несебично залагање за унапредување на правата на Македонците во Албанија и за огромниот придонес како новинар, писател, публицист и афирматор на македонската култура и историја во Албанија.

– Спасе Мазенковски ќе остане запаметен како голем македонски патриот, писател, новинар и публицист, кој целиот свој живот го посвети во афирмацијата на македонскиот етнички, јазичен, културен и верски идентитет и за унапредување на положбата и правата на Македонците во Република Албанија, рече Васил Стерјовски, советник од редовите на МАЕИ, по чиј предлог Мазенковски е прогласен за почесен граѓанин на Пустец.

Мазенковски почина на 30 мај годинава во селото Леска, Мала Преспа, каде е роден и каде го мина целиот свој живот. На македонски јазик има објавено неколку поетски збирки, книги, раскази и репотажи. Основач е и претседател на друштвото за заштита на правата на Македонците во Албанија „Преспа”, основач и главен уредник на весникот „Преспа”, како и основач на единствената партија на Македонците во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Пустец е доказ дека припадноста не се брише, дека коренот останува, дури и кога над него дуваат силни ветрови

Беснее пожарот во Националниот парк „Преспа“, тешко оди неговото локализирање

Голем пожар, кој брзо се шири е регистриран во Националниот парк „Преспа“

Горан Наумовски

„MEET Преспа”– фестивал што ги обединува културите во регионот утре во Пустец

А1он

Панди Јани обвини за изборен инженеринг во општина Пустец, Колефски ги негира обвинувањата

МАЕИ: Не го признаваме пописот во Албанија, се појавија 7957 Бугари наспроти 2281 Македонци

Предраг Петровиќ