Современи услови за спорт и сеопфатно образовно искуство – ООУ „Љубе Лапе“ во Аеродром доби два повеќенаменски спортски терени

Од:

Денеска во основното училиште „Љубен Лапе“ во населбата Аеродром, во пресрет на утрешниот празник посветен на браќата Кирил и Методиј, официјално беа пуштени во употреба два спортски терени, наменети за поддршка и промоција на спортот и младите во Аеродром. На настанот кој се реализираше во духот на државниот празник присуствуваа Градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски, претседателот на Советот Дејан Митески, претставници на кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје и претставници на основните училишта во Аеродром.

Градоначалникот Муцунски кој се обрати на настанот истакна дека локалната самоуправа е цврсто посветена да обезбеди сеопфатно образовно искуство и токму од оваа причина е почнат процесот за реконструкција на постојните и изградба на нови спортски терени на повеќе локации во Аеродром.

„Во едно од најголемите основно училишта во Скопје, местото каде и јас ги поминав моите училишни денови, денес пуштаме во употреба два реконструирани, повеќенаменски спортски терени, со современи реквизити, опрема и место кое ќе биде почетна точка за уште многу спортски таленти кои ќе се градат во Аеродром“, потенцираше тој во своето обраќање.

Во оваа прилика Муцунски нагласи дека на двата спортски терени во основното училиште „Љубе Лапе“ децата ќе имаат можност да практикуваат широк спектар на спортски активности, да ги истражуваат своите вештини и да откриваат нови спортски таленти.

Во рамки на настанот свое обраќање имаше и Директорот на основното училиште Ивана Цветановска, а учениците од училишниот оркестар и хор ја интонираа химната на Македонија, пееја песни за македонскиот јазик и рецитираа стихови посветени на браќата Кирил и Методиј.

Градоначалникот Муцунски, честитајќи го државниот празник, го повтори ветувањето дека Општина Аеродром и понатаму ќе продолжи да инвестира во спортската инфраструктура, затоа што таа е важен предуслов за уште многу локални и национални спортски успеси.

Би можело да ве интересира

Аеродром, Гостивар и Сарај со В.Д. градоначалници до следните избори, помина Законот за локална самоуправа

Општина Аеродром: Град Скопје и ЈСП го оставија Долно Лисиче без градски превоз

Се нормализира состојбата во Аеродром по вчерашното невреме

Дејан Митески е новиот заменик-градоначалник на Општина Аеродром

Општина Аеродром: Нема бетонизација во Лисиче, ќе се гради една зграда и два парка

СДСМ: Муцунски и ДПМНЕ на шверцерски начин го изгласаа срамниот ДУП за бетонизацијата на Лисиче