Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија, денеска одржа седница на која беше разгледан извештајот на определениот известител од редот на Советот во врска со формираниот предмет по допрен глас и поднесената иницијатива од страна на Здружението за истражувања, анализи и развој „Зелена Лупа“ Скопје, за сторени неправилности од страна на судиите кои одлучувале во постапката по судските предмети познати во јавноста како „Таргет“ и „Тврдина“. На јавноста и е познато дека во одлучувањето учествувале судии во Основинот суд Скопје 1 Скопје, Апелациониот суд Скопје и Врховниот суд на РМ.
Врз основа на поднесениот извештај од страна на определениот известител, поткрепен со одредени факти обезбедени од негова страна, Советот донесе одлука извештајот да се прифати и од своите редови формира Комисија за утврдување на фактите во врска со изнесените наводи во јавните гласила и иницијативата поднесена од страна на Здружението за истражувања, анализи и развој „Зелена Лупа“ Скопје.
Комисијата треба да утврди дали судиите сториле неправилности при донесувањето на нивните одлуки и за тоа ќе изготви извештај по кој Советот ќе одлучи дали ќе се поведе постапка за утврдување одговорност на судиите пред Судскиот Совет на РМ или ќе ја одбие иницијативата, за што јавноста ќе биде известена.