Советот на Скопје ќе гласа за воведување систем за паметно осветлување на јавните површини

Од:

Развојниот план за изградба и одржување паметно јавно осветлување на улици во надлежност на Град Скопје и платформа за паметен град за период 2021-2023 година е една од главните точки за која ќе расправа Советот на Град Скопје на денешната 60-та седница.

„Со овој развоен план се утврдува дека Градот има потреба за имплементирање на систем за паметно осветлување и платформа за дигитален град (Digital City), базирана на најсовремена технологија, интернет на нештата (Internet of Things/IoT)“, се наведува во соопштението на градските власти.

Преку оваа технологија се овозможува поврзување на разновидни уреди и компоненти на платформа преку интернет, заради собирање информации за точно разбирање на настаните во реално време, анализа на истите и преземање на соодветна акција.

Имплементацијата на системот за паметно осветлување предвидува набавка и инсталацијата на околу 10.000 нови ЛЕД-светилки на сообраќајниците, проштадите и јавните површини во надлежност на Градот, а со тоа значително ќе се модернизира постоечкиот систем и ќе ја унапреди енергетската ефикасност на Градот Скопје.

„Согласно иницијалните анализи, замената на постоечките натриумови и живини светилки со ЛЕД-светилки како извори на енергетски ефикасно осветлување и дополнително користење на опцијата за нивна паметна регулација на светлосниот интензитет, носи потенцијал за заштеди на потрошувачката на енергија за јавното осветлување, од околу 70% во однос на постоечкиот систем“, се посочува во соопштението од Град Скопје.

Покрај паметното осветлување, предвидено е изработка на платформа за дигитален град, преку интеграција на системот за паметно осветлување со систем за паметно паркирање, систем за мониторинг на квалитетот на воздухот, систем за јавно мислење и задоволство на граѓаните, систем за паметно мерење на потрошувачка на вода, како и Градски портал за IoT.

Би можело да ве интересира

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот на Град Скопје, обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции

Предраг Петровиќ

Ѓорѓиевски: Kонечно Скопје за Нова Година ќе биде украсено како што треба да биде

А1он

Проект „Градски воз“: Од Драчево до центар на Скопје за 11 минути

А1он

Ако не биде исплатена септемвриската плата, од утре вработените ќе ги блокираат двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“