Советот на општина Пустец ги врати автентичните топоними на населените места

Од:

Советот на општина Пустец донесе едногласна одлука со која на сите населени места во општината, по четириесет години им се вратија нивните автентични топоними. Одлуката само формално треба да ја одобри Префектурата на Корча со што станува правосилна.

Со одлуката се врќаат македонски топонимии на селата во општина Пустец: Zaroshkë – Зрноско, Lajthizë – Леска, Djellas – Шулин, Gollomboc – Глобочени, Kallamas – Туминец, Goricë е Madhe – Горна Горица, Goricë е Vogël – Долна Горица.

Албанскиот парламент на 18 март едногласно го донесе Законот за враќање на автентичното име на Пустец, со што се даде право Советот на општината да донесе одлука за населените места.

– Сега сите села во општина Пустец ќе се викаат со старите македонски имиња, како што всушност со векови до ден денес ние и ги именуваме. Со ова неправдата нанесена од комунистичкиот систем во 1973 година е исправена, што за нас Македонците е од историско значење, изјави градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко за весникот „Македониум“.

Би можело да ве интересира

Директорката на албански ИНСАТ ги отфрли обвинувањата за манипулации со пописните резултати

МАЕИ: Не го признаваме пописот во Албанија, се појавија 7957 Бугари наспроти 2281 Македонци

Предраг Петровиќ

Откриена биста на Гоце Делчев во Пустец

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Во финална фаза подготовките за поставување бистата на Гоце Делчев во центарот на Пустец

Катерина Ѓуровски

Стерјовски: Бугарија донира за Пустец во замена на нашата македонска националност