Советот на јавни обвинители ќе го поништи огласот за шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал

Од:

Советот на јавни обвинители на седница која ќе се одржи утре ќе го поништи огласот за избор на шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција и на другите обвинителства каде не беа избрани челни луѓе со февруарскиот оглас, дознава „Макфакс“.

Причина за поништувањето на огласот е тоа што поминаа 6 месеци откако беше објавен. Утре треба да биде повторно распишан нов оглас и да течат нови рокови.

Првиот човек на Советот на јавни обвинители, Коле Штерјев, со кого се поврзуваа јануарските скандали за избор на обвинители, на јавноста и’ објаснуваше дека на членовите на Советот им требало повеќе време за да обезбедат дополнителни податоци за кандидатите кои конкурираа.

За шефовската позиција во Обвинителството за организиран криминал извиси обвинителката која ја водеше истрагата и го поднесе обвинението за крвавиот четврток, Вилма Русковска. ВД шефица на ова обвинителство е Гордана Смаќоска.

„Макфакс” дознава дека дел од кандидатите повторно ќе конкурираат за позициите.

Коле Штерјев и државниот јавен обвинител имале несогласувања за одредени имиња предложени за обвинители.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ