ВИДЕО: Советот на јавни обивнители не одлучил кој ќе шефува со вишите обвинителства, им требало време

Од:

Не се избраа шефови на вишите јавни обвинители, меѓу кои е и скопското. Антонио Јолески, претседател на Советот на јавни обвинители вели дека членовите побарале време за да ги видат оценките и досиејата, пред да пресечат за кого ќе гласаат.

„Им требаше време да ги видат досиејата за јавни обвинители. Сметаа дека им треба дополнително време. И онака сме тенки со мнозинство, не можам да дозволам да замине и да гласа. Замениците ќе ги водат Вишите обвинителства до изборот“, вели Јолески.

Сите членови барале од него да се одложи гласањето. Со вишите обвинителства ќе управуваат замениците, а тој лично е против именување на вршител на должност до избор на нов шеф.

„Мој став е дека секогаш треба да има обвинител кој ќе ја презеде обврската, јас сум против в.д.“, додаде Јолески.

Во скопското обвинителство, кандидат е актуелниот шеф Мустафа Хајрулахи и вишите обвинители Фатиме Фетаи и Бурим Рустеми.

Би можело да ве интересира

По повикот од Филков, се огласи Советот на јавни обвинители за случајот Груби

Горан Наумовски

Не е во ред министерот за правда да го прозива по има обвинителот, вели претседателот на Советот на јавни обвинители

Дисквалификуваниот Панчевски бара кривична пријава против членовите на Советот на јавни обвинители

Катерина Ѓуровски

Владата добива четири имиња за државен обвинител, Панчевски елиминиран од Советот

Катерина Ѓуровски

Советот на јавните обвинители ќе даде мислење за кандидатите за нов државен јавен обвинител

Владата го утврди Предлог – Законот за Советот на јавните обвинители