Советодавен состанок за заштита од пожари во Кавадарци

Од:

Советодавен состанок за заштита од пожари се одржа денеска во Кавадарци, во организација на Полициската станица од општа надлежност.

На средбата на која беа понудени предлози како да се влијае превентивно и да се унапреди противпожарната заштита, присуствуваше и кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, како и претставници од општина Росоман и повеќе релевантни институции.

– Секоја година од пред почетокот на летната сезона, кога има високи температури и големи суши бидејќи намалени се врнежите од дожд, постојат опасности за запалување на пределите каде има најмногу шума. Затоа и е неопходно вакво организирање, се со цел правилна заштита од пожари, рече Димитар Каракулев, инспектор за превенција.

На состанокот присутни беа претставници од Јавното претпријатие “Македонски шуми”, гранична и шумска полиција, противпожарна единица, ловечки друштва, планинарско друштво, инспектор за шумарство. Сите оние кои во даден момент може на некој начин да помогнат во превенирање на пожарите.

– Се надевам дека ќе имаме лето со намален број пожари во Тиквешијата, нагласи Каракулев.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче