Во полициската станица Пролет освен уапсените Паркобрани, се привеени и еден советник на општина Центар и директорот на ЈП паркинзи Центар. Таму пристигнаа градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски и претседателот на Советот Мирослав Шиповиќ. Полицијата им дозволи да влезат во станицата.
Eве што е објавено на ФБ страната на Паркобраните:
„Вечерва се уапсени дел од луѓето кои веќе подолг временски период го бранеа малото паркче кај хотелот Бристол. Скопје изгледа како да има полициски час, полицијата не дозволува пристап до паркот во радиус од околу стотина метри, се легитимираат и околните станари кои сакаат да влезат во своите домови. Се оградува паркот со силно полициско обезбедување, присутни се и голем број на припадници на единицата за брзо распоредување , имено оние кои се обучувани и дејствуваат само во ситуации со висок ризик“.
Кукавички, подло, полициска држава, вака главно се коментира на социјалните мрежи апсењето на Паркобраните и силните полициски сили во центарот