Советниците Македонци во Советот на општина Кичево повторно ја напуштија седницата

Од:

Советниците-Македонци по вторпат ја напуштија работата на Советот на општина Кичево, овој пат уште пред да се стави на дискусија и гласање дневниот ред.

Во нивното име зборуваше советникот на СДСМ Ванчо Србакоски, според кого македонските советници се маргинализираат и нивните барања не се земаат предвид.

„На седницата што ја имавме со Комисијата ние се договоривме дека точката Предлог за именување членови во Комисијата за односи меѓу заедниците ќе биде прва, наместо тоа таа е последна и се нема волја истата да се изгласа. Исто така, што се однесува на полето на спортот, општината постојано го фаворизира и го подржува фудбалскиот клуб ‘Зајази’ и им дава општествената сопственост – спортската сала, да ја користат. Овде гледам точки како локација за место на паркирање на минибусите. Ние се занимаваме со работи како овие и ги оставаме назад поголеми проблеми што влијаат на меѓуетничките односи. Не го прифаќаме предлогот на нашата колешка-советничка, која предложи дневниот ред да се дополни со нова точка за измена и дополна на средства во Буџетот на општината и тоа за дотации за течни горива и превозни услуги во образованието за кои однапред знаеме дека ќе бидат наменети за учениците албанци. Затоа ние одлучивме да ја напуштиме ова седницаа, а вие терајте по своето“, рече Србакоски

DSC00191

По ова тие веднаш ја напуштија седницата, без да се продолжи дискусијата.

Според секретарот на Општина Кичево, Рамиз Реџепи, Србакоски манипулира со македонските советници и со јавноста и сето ова за Општината како институција постојано да биде во центарот на вниманието поради меѓуетнички недоразбирања.

“Тие можеа да ги дискутираат овде овие работи, да бараат да се дебатира за овие работи и ние ќе најдевме заедничко решение. Точката за која тој зборуваше, како што и вие сами гледате, е на дневен ред, така како што се одлучи на седница на Комисијата. Каква разлика има дали е тоа прва точка или деветта. Општината, односно градоначалникот, сè уште нема донесено ниту една одлука да поддшка на фудбалскиот клуб ‘Зајази’, така што нема место за жалби, рече Реџепи.

Седницата продолжи без присуството на советниците-Македонци и точките на дневниот ред беа изгласани од мнозинството, остранувајќи ги од дневниот ред точките поради кои македонските советници ја напуштија седницата. Тие беа оставени да се дискутираат подетално и заеднички.

Фатлуме Дервиши

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси лихвар од Кичево, кај него се најдени пари и накит

Удрил во две девојчиња во Кичево и избегал, полицијата трага по возачот

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кичево

Момче со автомобил удри во полицаец, повредениот заврши во болница

Земјотрес во Албанија почувствуван во Охрид и во Кичево

Катерина Ѓуровски

Уапсена мајка од Кичево која ја запуштила својата малолетна ќерка