Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов наместо стратешки мерки против загадувањето се занимава со политиканство

Од:

„Шилегов наместо стратешки мерки против загадениот воздух се занимава со политиканство промовира семафор и дозволи кафеана среде Претпријатието „Паркови и зеленило“, велат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

На седницата на советнички прашања на Советот на Град Скопје беа поставени повеќе прашања на кој градоначалникот Петре Шилегов немаше конкретен одговор.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека Шилегов не е свесен дека е градоначалник на градот со најзагаден воздух во светот. И наместо стратешки одлуки превзема парадерски мерки. Шилегов наместо проекти за сообраќај, нови паркови, игралишта, прави настан за промоција на нов семафор. Тоа е врв на политиканството.

Советничката на ВМРО-ДПМНЕ, Светлана Колариќ побара од градоначалникот Петре Шилегов да ги објави спонзорите за новогодишната вечер кој даваат 100 илјади евра за настап на пејачот Дино Мерлин. Ваквото криење на информации отвора сомнеж дека се работи за црни пари кои може да се злоупотребат, изјави Колариќ. Шилегов не ги објави спонзорите правдајќи се дека тоа не било тоа негова обврска бидејќи парите не биле јавни.

Светлана Колариќ запраша зошто Шилегов дозволил во седиштето на „Паркови и зеленило“ да се изгради кафеана, и зошто во недостаток на паркинг место се користи улицата пред „Паркови и зеленило“.

– Наместо сериозна институција сега таму има кафеана, а шпекулациите се дека тоа е лице блиско на власта, изјави Колариќ.

Шилегов призна дека е искористена оранжерија за кафеана, а закупот е за 5 години.

Потоа Колариќ го запраша дали е вистина дека минатата година членови на кабинетот на Шилегов биле на повеќе патувања во странство меѓу кој во Вашингтон каде бил член на пи-ар тимот на Шилегов и колку ги чинело тоа граѓаните? Со оглед на тоа што Шилегов призна дека пи-ар му е лош, добро е да каже колку тоа ги чинело скопјани, изјави Колариќ. Шилегов призна дека биле на патувања Влатко Васиљ и повеќе новинари но тоа не било на товар на градот Скопје.

Советникот Владо Поповски изрази незадоволство поради нетранспарентното назначување на градот на членови на управни и надзорни одбори. – Се назначуваат луѓе без доставени биографии и професионално портфолио. Не се знае и дали се од Скопје и од кој образовен профил се. Тоа ја отвора вратата за партизирање и непрофесионални кадри на одговорни позиции, изјави Поповски.

Советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ирена Попова изјави дека Петре Шилегов не го оствари ветувањето за нов Луна парк кој требаше според Шилегов да биде готов во јуни 2019-та година. Воедно нејасно е и кога ќе бидат презентирани и изведени сообраќајните решенија за истиот, изјави Попова.

Ирена Попова посочи дека е и лага ветувањето на Шилегов за градба на нов мост кон Ѓорче Петров, и продолжување на „Илинденска“. Не е направен ниту еден чекор, а сообраќајниот хаос останува, изјави Попова.

Би можело да ве интересира

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Четири лица нападнале и тешко повредиле скопјанец

А1он

Сообраќајка во Скопје, тешко повреден пешак

Вооружен грабеж на банка во Илинден, одземена е голема сума на пари

Александар Тодески