Советничка во Велес од опозицијата стана дел од владеачкото мнозинство

Од:

Советничка Рајна Стојанова од ВМРО-НП ја напушти опозицијата и седна во редовите на владеачкото мнозинство во Советот на општина Велес, јави дума.мк. Така, сега силите се 13 наспроти 10 советници во корист на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Во советот влезе како десетта на листата на коалицијата предводена од СДСМ, но новата советничка Рајна Стојанова своето место го најде во редовите на ВМРО-ДПМНЕ уште на првата конститутивна седница. Зошто го сторила ова не сакаше да каже, само кусо одговори дека сакала да помогне во поефикасната работа на велешкиот совет. Оваа постапка ја изненади опозицијата.

– Немам никаков коментар бидејќи не сум контактирал со неа и ниту јас не знаев за нејзината одлука , рече Благој Коларов, советник од СДСМ.

Според власта пак, демократско право е секој советник да одлучи на чија страна ќе биде.

– Според уставот и законите секој член на советот има демократско право да го изрази својот став и мислење и согласно ова ја ценам и оваа нејзина постапка – рече Александар Колев, советник од ВМРО-ДПМНЕ, пренесува дума.мк.

Фото: Дума.мк

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември