Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје: Шилегов вработил над 1.000 партиски војници за две години

Од:

„Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје посочува дека градоначалникот Петре Шилегов ја пренатрупува градската администрација со неквалификувани партиски кадри, нови вработувања кои се платени со парите на граѓаните.

Неформалните бројки говорат дека Шилегов за две години вработил над 1.000 партиски војници во Град Скопје и неговите јавни претпријатија.

Над 1.000 партиски војници Шилегов вработил за цели две години, додека претпријатијата бележат загуби. Се случува вистинско девастирање и уништување на градските претпријатија.

Голем дел од овие кадри се неквалификувани за работните позиции, и не ги исполнуваат законските одредби, за што страдаат квалификувани кадри кои не ја добиваат шансата за ново работно место.

Дополнително Петре Шилегов ветуваше мала и стручна администрација, но од овие ветувања нема ништо.

Јавните претпријатија станаа партиско дувло за членови на СДСМ и главен извор за непотизам. Две години Петре Шилегов, две години неспособност, стагнација и криминали“, се вели во соопштението на Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан