Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов наместо градски матичар на кровови и фасади, нека ја преземе улогата на градски татко и нека го среди хаосот

Од:

„Петре Шилегов наместо да води евиденција кој кров во чие време е изграден, нека засука ракавите и нека го среди хаосот во кој ги остави Скопјани дваесетина часа по невремето.

Шилегов наместо да биде градски матичар на фасади и кровови, нека биде градски татко кој ќе почне да работи“, велат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

„Оштетени се повеќе кровни конструкции меѓу кој и на повеќе средни училишта под надлежност на Градот Скопје. 3 години се апсолутна власт и немаат никакво оправдување за својата неработа, но и за политиканството за некакво барање одговорност пред три години.

Тоа е признание дека ништо не сработиле овие три години.

Скопје вчера го преживеа невремето и тоа е помала грижа во споредба елементарната непогода викана Петре Шилегов и Зоран Заев“, се вели во соопштението на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан