Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов е единствен градоначалник во светот кој за нечистење снег исплаќа на фирма пола милион евра

Од:

„Петре Шилегов е единствениот градоначалник во светот кој за ниту еден сантиметар снег исплатил 260 илјади евра за компанија која треба да чисти снег.

Само за два месеца, од 15 ноември 2019 до 15 јануари 2020 година, Шилегов на фирмата добитник на тендерот исплаќа околу 263.000 евра или околу 16.225.000 денари“, велат од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

„Фирмата добитник на тендерот ќе добие на сметка над 500.000 евра за ништо, односно за мирување и нечистење снег.

Нема друг случај каде за невршење на работа се исплаќа вака голема сума на пари.

Откако беше објавен овој случај надлежните институции молчат и не го преиспитуваат случајот за недомаќинското и расипничко трошење на народните пари.

Ова отвора сомнеж за коруптивно и криминално работење кој мора да се испита“, соопштуваат од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан