Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов да ја отвори градската куќа за јавноста и да се стопира криминалната продажба

Од:

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје бара Шилегов, Градската куќа која ја продава, да ја отвори за јавноста и да имаат можност граѓаните на Скопје и медиумите да се уверат во просторниот капацитет на зградата.

„Ваквата криминална продажба мора да се стопира. Се друго е само немо покритие на криминалот на власта. Шилегов шест дена молчи да одговори на прашањата поврзани со криминалната продажба на градската куќа.

Следува прва електронска продажба на објект во историјата на државата за кој однапред се знае купувачот за зградата. Шилегов нема ниту една оправдана причина за продажба на градската куќа освен за свој личен бенефит и интерес.

Шилегов свесно влегува во зделка каде ќе бидат оштетени граѓаните на Скопје. Тој оваа зграда ќе ја продава по поевтина цена од она што е инвестирано одејќи во свесна загуба само со цел да ги оправда процентите и провизиите. Бонбона бизнисот на Шилегов нема одговор на тоа зошто ќе биде почастен новиот купувач со бесплатно државно земјиште и бесплатни комуналии.

И која е причината за продажба на нова градска куќа за неколку децении стара зграда на поранешното ЕСМ. Две години Крадоначалник Шилегов, 2 годино лаги, криминал, неработа“, се вели во соопштението на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот