Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Пријава за Шилегов до Државен завод за ревизија, финансиска полиција и антикорупциска

Од:

„За Шилегов донацијата од 100 илјади евра за неколку часовниот настап на Дино Мерлин е анонимна, анонимна е и донацијата за најскапиот тревник кој скопјани ги чини 530 илјади евра, анонимни се и спонзорите кои го градат стационарот за кучиња Лајка, единствено не се анонимни ароганцијата, навредите и неспособноста на Петре Шилегов“, велат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

„И покрај постојано упатени прашања до Петре Шилегов, кои се спонзорите на 100 000евра за Дино Мерлин, кои се спонзорите кои го градат стационарот Лајка, кои се спонзорите на тревен бус на плоштад, се уште не добиваме никаков одговор освен дека се анонимни.

Превезот на анонимност на Шилегов отвора сомнеж за перење на пари и финансиска злоупотреба.

Поради сомневање за начинот на прибирање и трошење на пари од анонимни спонзори Советничката група на ВМРО ДПМНЕ поднесе пријава до Државен завод за ревизија, Финансова полиција и Државната комисија за спречување на корупција.

Граѓаните имаат право да знаат кои фирми се општествено одговорни и како се трошат донираните средства, и дали Петре Шилегов ги злоупотребува средствата и парите кои ги преставува за анонимни? Дали зад анонимните пари се кријат сомнителни анонимни бизниси?“, прашува Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен