Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Претседателката на советот на општина Центар си даде оставка, тоа да го направи и Љубица Јанчева

Од:

„Претседателката на советот на општина Центар Јана Белчева се повлече од функцијата поради тоа што не сака да биде послушник и слеп аминувач на одлуките на советот на општина Центар. Кога веќе тоа се случи следен на ваков потег треба да биде претседателката на советот на град Скопје Љубица Јанчева која брутално недвосмислени и свесно ги крши процедурите на работа на градскиот совет“, велат преку писмено соопштение од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во град Скопје.

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во град Скопје јавно ја повикуваат Љубица Јанчева да се повлече од функцијата претседателка на советот бидејќи како што велат, „во својата безмалку тригодишна работа грубо ги крши процедурите и преставува слеп послушник на погрешните политики на Петре Шилегов“.

„Таа дојде на оваа позиција во исто време додека нејзиниот сопруг е Генерален секретар на Државната Изборна Комисија кој ги брои гласовите на граѓаните.

Јанчева свикува вонредни седници на кои треба да поминат годишни планови на јавни претпријатија за кои не сака да се дискутира во јавноста. Далеку од очите на јавноста турка вонредни седници и без исполнети критериуми по скратена постапка става точки за гласање на дневен ред. Таа преставува продолжение на едноумието и шарлатанизмот на Петре Шилегов и негов слуга, наместо заштитник на интересите на скопјани. Воедно нејзината улога во гушење на демократијата и дебатата во Советот е најистакнато после тоа на Петре Шилегов. Таа е слеп аминувач и на сомнителните зделки за криминал на Шилегов. Советот на град Скопје на чело со Јанчева исто како и Шилегов за прв пат од поновата историја не го одбележа 4 мај, погибието на народниот херој Гоце Делчев.

Овој тандем е срам за градот Скопје и затоа Љубица Јанчева исто како и Шилегов за доброто на градот потребно е да си поднесат оставки“, соопштуваат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во град Скопје.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски