Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: На повидок нов скандал, дали Шилегов ќе ја отуѓува на приватна компанија новата градска куќа?

Од:

„Крадоначалникот Петре Шилегов пред нова бонбона бизнис типична за власта. Сомнежите се дека Градот Скопје по насока на Шилегов преземал подготвителни активности за отуѓување на новата градска куќа која е во завршна фаза на атрактивна локација во центарот на градот до плоштадот Македонија. Според нашите информации, зградата платена од парите на скопјани која е во завршна фаза, со набавена современа опрема за административно работење, ќе биде отуѓена и истата треба да припадне на извесна приватна компанија.

За возрат Градот Скопје ќе добие постара зграда. Значи неформалните информации говорат дека Шилегов ќе трампа нова зграда за неколку децении постара зграда“, велат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје прашува: Дали е вистина дека Шилегов влегува во нов бонбона бизнис при што ќе ја отуѓи новата градба која беше наменета за градска куќа, и тоа за возрат на неколку децении стара градба? Дали зад ваквата бизнис зделка стојат и приватни и лични интереси, со други зборови дали Шилегов принципот „евро за евро“ од Струмица го презема и унапредува среде Скопје? Ако ова е вистина, тогаш зошто оваа бизнис зделка на Шилегов се држи зад затворени врати и во тајност, далеку од очите на јавноста? Дали крадоначалникот Шилегов ги праша скопјани за ваквиот потег?

„Бидејќи се работи за интересот и парите на граѓаните, наместо крокодилски солзи очекуваме конретни одговори. Две години крадоначалник Шилегов, две години лаги, криминали, неработа!“, се додава во соопштението на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје

Би можело да ве интересира

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Четири лица нападнале и тешко повредиле скопјанец

А1он

Сообраќајка во Скопје, тешко повреден пешак

Вооружен грабеж на банка во Илинден, одземена е голема сума на пари

Александар Тодески