Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ ја напушти расправата за буџетот: Нема да бидеме декор за криминалите на Шилегов

Од:

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ нема да биде декор за криминалите на Шилегов, ја напушти расправата за буџетот Од 70 поднесени амандмани на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Обнова на Македонија за предлог буџетот за 2020 година, Градот Скопје нема прифатено ниту еден. Што говори дека овој буџет е едностран, неразвоен и служи единствено за исполнување на лукративните цели на Петре Шилегов и СДСМ, велат од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје преку соопштение.

„Шилегов носи буџет со кој Градот Скопје не оди напред туку тоне во долгови, неразвојност и криминал. Токму затоа, поради демонстрација на насилие и едноумие од Шилегов, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија ја напушта амандманската расправа за предлог буџетот за 2020 година.“, се наведува во соопштението.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија во Градот Скопје нема да служи како декор за исполнување на
лукративните цели на Петре Шилегов, велат од таму.

„На Петре Шилегов му треба Совет кој ќе ги аминува неговите сулуди и нереални идеи и на неговиот СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува и нема да допринесува за носење на мегаломански, популистички и неразвоен буџет за Град Скопје.“, порача Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот на Град Скопје, обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции

Предраг Петровиќ

Ѓорѓиевски: Kонечно Скопје за Нова Година ќе биде украсено како што треба да биде

А1он