Совет за етика: Медиумите да не ја злоупотребуваат својата улога и да не разгоруваат тензии

Од:

„Советот за етика во медиумите, набљудувајќи го медиумското известување по најновите превирања на политички план и реакциите на граѓаните, повторно ги потсетува медиумите да не ја злоупотребуваат својата улога и да послужат како платформа за потпалување на ситуацијата и засилување на тензиите во општеството.

Имајќи го предвид фундаменталното право на слобода на медумите, ги потсетуваме новинарите и уредниците дека медиумските извештаи мора да ја содржат вистината и да не иницираат полемики и дискусии со кои ќе се разгорат тензиите и ќе се влошат односите меѓу граѓаните.

Медиумите мора да дејствуваат на начин што ги разликува од обични преносители на информации и факти  и треба да ја применат и својата улога како смирувачи на тензиите во општеството, а особено во случаи кога се изнесуваат проценки за можна ескалација на случувањата. Тие треба да ги објаснат фактите, учесниците во случувањата, различните позиции и прашања, како и внимателно и аналитички да ги истражат настаните. Не е новинарски да се развиваат и градат дебати врз основа на лаги и невистини, со што граѓаните би се довеле во заблуда. Пренесувањето и давањето простор на шпекулации се изедначува со ширење невистини и пропагандизам, наспроти урамнотежено и професионално информирање. На јавноста треба да и се понуди вистинската слика и да се претстават објективните потреби и загриженост, а особено имајќи предвид дека граѓаните кои не биле дел од одредени случувања својата информираност ја потпираат токму на медиумите.

Медиумите, а особено Интернет порталите, не смеат да бидат злоупотребени и да послужат како средство за пропаганда и повици за обединување на поединци и групи за радикално однесување и постапки кои го загрозуваат јавниот ред и мир во општеството. Поддржувајќи го и правото на граѓанските активисти да послужат како извори на информации за случувањата, ги потсетуваме медиумите на нивната улога особено да внимаваат на кредибилноста на изворот на информациите, задолжително да користат повеќе извори на информации, да известуваат со кредибилитет и објективно и урамнотежено да ги претстават случувањата во нивниот вистински контекст. Нивото на професионално однесување не смее да се симнува и да се дозволат лаги, полувистини и еднострани информации кои на граѓаните би им се сервирале како проверени и вистинити вести. Во овој контекст, ги потсетуваме медиумите на нивните обврски да известуваат професионално и според принципите на неодамна потпишаната Повелбата на Советот за етичко известување на медиумите.

Коментарите и анализите се важен дел од новинарството со оглед на тоа дека граѓаните имаат потреба од толкување на ситуациите и околностите, но медиумите не смеат да ги злоупотребуваат овие жанрови за да пласираат погрешни интерпретации на реалноста и да поттикнуваат тензии и неприфатливо однесување на различни актери во општеството. Во битката за стекнување поголема публика не смее да настрада професионалното новинарство и улогата на медиумите како активен и објективен набљудувач на случувањата, а недостигот на медиумски слободи не смее да се искористува како аргумент за погрешно однесување и пласирање невистини. Советот за етика во медиумите ги предупредува потписниците на Повелбата за етичко известување дека будно го следи начинот на нивно информирање, како и на медиумите кои не се негови членови, што во иднина ќе биде еден од главните аргументи околу членството во Советот и припадноста кон ова наше, заедничко, професионално тело за саморегулација во медиумите“, се вели во соопштението Советот за етика во медиумите.

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on