Совет за етика: Кодексот за етичко известување го прекршеиле 11 медиуми

Од:

По потпишувањето на Повелбата со која повеќе од 90 медиуми се обврза дека ќе ги почитуваат принципите за професионално известување 11 медиуми го прекршиле Кодексот за етичко известување, информира претседателот на Комисијата за жалби на Советот за етика на медиумите, Мирче Адамчевски.

 – Комисијата   за  жалби работеше на над 20 жалби, од кои во 11 основа за поднесување беше неточно и нефер известување, клевета и нарушување на приватноста.   Во шест жалби основа беше  неточно етичко и нефер известување  и клевета, во четири жалби тоа беше неточно  и нефер известувањсе, а за една жалба основа беше  неточното известување, изјави Адамчевски. 

Тој нагласи дека ќе продолжат да го следат почитувањето  на повелбата и кога ќе ги соберат  новите податоци  повторно ќе ги објават во јавност. 

Ги повика новинарите да ја почитуваат етиката, а  јавноста и граѓаните слободно да се обраќаат до Советот за етика во случај на кршење  на професионалноста  и етиката во медиумите.

Би можело да ве интересира

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

Не се утврдени елементи на кривично дело за неовластен пристап до компјутерскиот систем во Кабинетот на Претседателката на државата

Муцунски: Патот на Македонија кон ЕУ да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата и минатото

Уставниот суд укина одредба од Законот за социјална заштита и поведе две постапки

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ

Фондот на ПИОМ: Неточни се наводите дека Мемов изјавил оти Фондот „нема да издржи“, исплатата на пензиите е сигурна и редовна