• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Совет на амбасадори: Меморандумот на Бугарија е неприфатлив и штетен за добрососедските односи

by А1он19/09/2020 - 17:28811
Share0

Советот на амбасадори на Република Северна Македонија го смета за целосно неприфатлив и штетен за добрососедските односи текстот на објаснувачкиот меморандум на Бугарија упатен до членките на ЕУ.

Добивај вести на вибер

– Тој содржи една идеолошка позиција на Република Бугарија од времето на комунизмот во времето на Тодор Живков и од таа позиција се обвинува денешна Република Северна Македонија дека „не раскинала со идеолошкото наследство на комунистичка Југославија“.

Владите на Република Бугарија и Република Северна Македонија со потпишувањето на Договорот за пријателство и добрососедство направија голем исчекор во подобрувањето на односите меѓу двете земји и ги поставија основите за успешна взаемна соработка врз основа на почитувањето на европските вредности и цели. Европските вредности и цели не подразбираат негирање на посебноста на кој било јазик ниту националност во ЕУ, ниту пак инсистирањето на таквото негирање од било кој сосед, може да биде пречка за напредокот на Македонија во процесот на нејзиното зачленување во ЕУ, се наведува во денешното соопштение.

Советот на амбасадори е уверен дека земјите членки на ЕУ ќе го разгледаат внимателно објаснувачкиот меморандум од Бугарија и оти нема да дозволат ваквите идеолошки позиции да влијаат врз преговарачката рамка на ЕУ за членство на Северна Македонија во ЕУ и врз процесот за нејзиното целосно вклучување во ЕУ.

Советот на мабасадори оценува дека различните интерпретации на историјата и на постанокот на јазикот и на нацијата се делокруг од работата на Комисијата за историски прашања и оти секој обид, од чија било страна политички да се арбитрира во нејзината работа, само ја усложува и отежнува нејзината работа.

– Различните историски интерпретации и кога постојат не можат да се толкуваат како еднострано “фалсификување на историјата“ и како „опстојување во Република Северна Македонија на „државна антибугарска идеологија“. Република Северна Македонија докажа и докажува дека се однесува најпријателски кон бугарскиот народ и кон Република Бугарија и искажува големо почитување кон бугарскиот јазик, бугарската национална култура и кон бугарската национална историја. Република Северна Македонија од Република Бугарија не очекува ништо помалку ниту ништо повеќе од тоа, велат од Советот на амбасадори.

bugarija dogovorsovet na ambasadori

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Нема да има уставни измени без гаранција за правата на Македонците во Бугарија и без потврда дека ова е последна отстапка

Катерина Ѓуровски29/01/2026 - 13:31

Бугарија го оспорува Акцискиот план за малцинства затоа што бил на македонски јазик, вели Мицкоски

Катерина Ѓуровски04/01/2026 - 14:12

Мицкоски повтори дека нема намера да го менува Уставот без гаранции од Европската унија

Катерина Ѓуровски13/11/2025 - 13:56

Од суштинско значење е донесување нов Кривичен законик, советот на амбасадори за извештајот на ЕК

Катерина Ѓуровски10/11/2025 - 09:29

Вајц се надева дека земјава по локалните избори ќе ги направи уставните измени за внесување на Бугарите

Катерина Ѓуровски21/10/2025 - 08:20

Изјавите на словачкиот претседател за Македонија ја налутија Софија

Катерина Ѓуровски16/10/2025 - 14:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен