Соумалинен: Добар напредок кон кредибилен избирачки список

Од:

Мислам дека добри мерки се преземаа со цел да се осигури дека избирачкиот список е кредибилен, вели шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Македонија Нина Соумалинен во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Таа вели дека избирачкиот список секогаш треба да ја рефлектира актуелната ситуација, а не таа од пред 10 или 5 години и да подлежи на автоматски периодични проверки.

Политичките лидери на четирите најголеми партии се договорија изборите да се одржат на 11 декември. Создадени ли се сите предуслови за изборите да бидат регуларни?

Како што ни е познато четирите политички партии навистина ова лето се согласија, што се однесува до нив, има предуслови за да може да се организираат предвремените избори. Секако беа преземени и бројни чекори од тогаш. Беше воспоставена владата која треба да ги организира изборите, потоа главниот уредник на вестите во МТВ1, ад – хок телото за мониторинг на медиумите и исто така методологијата за мониторинг на медиумите беше договорена. Така што на некој начин беше остварен добар напредок со цел организирање на предвремени парламентарни избори. Нареден чекор очигледно ќе биде распуштањето на Парламентот и секако, како што беше договорено согласно крајниот рок, и понатаму Државната изборна комисија да продолжи со работа кон организирањето на предвремените избори. Така што во моментов ситуацијата изгледа многу добро и исто така се надеваме дека ќе продолжат потребните чекори и спроведувањето на Договорот.

После многу дебати во јавноста за Избирачкиот список, според многумина тој се прочистил за незначителен број на гласачи. Колку навистина избирачкиот список е прочистен?

Верувам дека е направен важен напор од страна на ДИК, МВР и експертите и секако политичките партии го адресираа ова во договорот. Мислам дека добри мерки се преземаа со цел да се осигура дека избирачкиот список е кредибилен. Секако избирачкиот список секогаш треба да ја рефлектира актуелната ситуација, не ситуацијата од пред 10 или 5 години, туку кога луѓето навистина живеат. Во многу земји тоа се прави автоматски. Секоја година, да речеме, на 1 јануари, кој живее таму гласа во таа изборна единица. Така што, на истиот начин како изборните единици, така и избирачкиот список треба да подлежи на автоматски периодични проверки. Сега беа преземени некои мерки во однос на овие речиси 40 илјади луѓе. Некои од нив повторно се регистрираа, а за останатите се уште ќе има шанса да се регистрираат пред изборите. Што се однесува до оние 170 илјади на дополнителната листа, за индивидуите за кои се верува дека најверојатно се во странство, се постигна согласност да има дополнителен мониторинг на изборите. Мислам дека е направен добар напредок во вистинската насока.

Би можело да ве интересира

Руското МВР тврди: Регистрирани се 10 обиди за терористички напади за време на локалните избори

Избори во Северна Рајна-Вестфалија: ЦДУ го задржува водството, АфД во силен пораст

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата